Челси се врати на старите навики: Ја испушти победата над Шефилд во финишот (ВИДЕО)

После победата над Манчестер Јунајтед остварена во судиското надополнување, вечерва Челси загуби два бода во финишот, откако го пропушти водството против Шефилд Јунајтед.

Силва во 11. минута му донесе предност на Челси, а Богл во 32. минута израмни. Мадуеке во 66. минута ги врати работите по старо, и кога се чинеше дека „сините“ ќе дојдат до втората победа по ред, МекБрни во третата минута од судиското надополнување донесе бод за домашните.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...