Њукасл Јунјатед и Челси ремизираа со 2-2 во 17. коло од Премиерлигата во суперинтересен натпревар со две спротивни полувремиња.
Во првото доминираа домаќините кои стигнаа до предност уште во 4. минута од средбата со голот на Волтемаде. Германецот донесе „двојно водство“ за својот тим во 20. минута, а Њуксал Јунајтед имаше и шанси за трет гол, но до истиот сепак не дојде.
На полувремето Њуксал Јунајтед замина со предност од 2-0, но Челси успеа да се врати во игра. Џејмс во 49. минута намали на 2-1, а во 66. минута Педро изедначи на 2-2.
Гостите имаа шанса и за трет гол, но „сините“ не ги искористија своите шанси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

