Челси славеше во драматичниот дуел со Брајтон со 4-3 како дел од турнејата во САД, дуел што го одбележа првиот гол на Мудрик во дресот на лондонскиот клуб. Имено, „сините“ платија почетни 70 милиони евра на Шахтјор за да го победат Арсенал во трката по Мудрик, но младиот Украинец имаше разочарувачки први шест месеци во дресот на Челси.
Синоќешниот погодок, кога по одличниот соло-продор биеше прецизно од дваесетина метри, е најава за подобри денови на украинскиот репрезентативец, во кого тренерот Покетино гледа стартер за наредната сезона.
Покрај Мудрик, голови за Челси постигнаа уште и новите засилувања Нкунку и Џексон, како и Галахер.
Mykhailo Mudryk scores his first @ChelseaFC goal in style 😎#PLSummerSeries pic.twitter.com/gDrTWWlVPm
— Premier League (@premierleague) July 23, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

