Лондонски Челси сезонава најмногу проблеми има во одбраната, која заедно со Манчестер Сити е најлошата од сите тимови кои се во горниот дел на табелата.
Раководството на „сините“ изненадувачки, решението го гледа во англискиот репрезентативец Марко Гуехи, кој токму од Челси се пресели во Кристал Палас во 2021 година.
Гуехи преку младинската академија на Челси, стигна до првиот тим, но со оглед дека за него немаше место во тимот на „сините“, во 2021 година беше продаден за 23 милиони евра. Минатото лето Њукасл беше подоготвен да го доведе, но на крајот трансферот пропадна.
Сега Челси сака повторно да го донесе во своите редови, но проблем е што клубот сега бара оштета од 85 милиони евра. Медиумите веруваат дека Палас нема намера да ја спушти цената, така што сега Челси ќе ја плати својата грешка повеќе од 60 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

