Белгискиот интернационалец Еден Азар е една од трансферните цели на актуелниот европски првак Реал Мадрид следното лето, но Челси нема лесно да се откаже од неговите услуги. Сопственикот Роман Абрамович даде дозвола раководството да подготви нов договор за одличниот офанзивец, според кој тој би добил значително зголемување на неделната плата. За да остане на „Стемфорд бриџ“, Еден Азар би добил неделна плата од 300.000 фунти.
Белгиецот има актуелен договор до јуни 2020 година, но се шпекулира дека по завршувањето на оваа сезона сака да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“. Реал Мадрид е исто така подготвен да плати богатство за да го доведе во Мадрид, а фудбалерот навести дека сака да стане „крал“, со тоа што веќе ја одби првата понуда од Челси за продолжување на договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА