Челси со автогол до полуфинале на Светското клупско првенство (ВИДЕО)

Челси го обезбеди своето место во полуфиналето на Светското клупско првенство по тешката, но заслужена победа од 2-1 над Палмеирас. Кол Палмер им донесе водство на англиските гиганти во 16-тата минута, но младата ѕвезда на Палмеирас, Естевао, постигна спектакуларен гол против својот иден клуб на почетокот на второто полувреме. Конечниот резултат беше постигнат во 83-тата минута со автогол на бразилскиот голман Вевертон, откако ударот на Мало Густо го натера лошо поставениот голман да ја зафати топката и да донесе победа а „сините“.

Натпреварот на „Линколн Фајненшл Филд“ во Филаделфија беше полн со возбудувања. Челси создаде повеќе шанси, додека Палмеирас не можеше да им се одмазди на „сините“ за поразот од 1-2 во финалето на турнирот во претходниот формат во 2022 година. Во полуфиналето, тимот на Енцо Мареска ќе се соочи со Флуминенсе, кој го елиминираше Ал-Хилал.

Ова беше прв пораз на Палмеирас од почетокот на Светското клупско првенство, кој го чинеше бразилскиот тим елиминација.

Сите интересни моменти од натпреварот на следниот ЛИНК. 

Се вчитува...