Бразилскиот интернационалец Филипе Кутњо претстојното лето би можел да се врати во Премиер – лигата. Тој од Ливерпул пристигна на „Камп Ноу“, но не ги оправда комплетно вложувањата и раководството на Барселона размислува за негова продажба. Челси е сериозно заинтересиран да го купи Кутињо и со него да го замени белгискиот ас Еден Азар кој речиси сигурно ќе се пресели во Реал Мадрид.
Челси е подготвен да плати 150 милиони евра за ангажманот на Кутињо. Голем дел од средствата секако ќе бидат обезбедени од продажбата на Азар.
Клубот од „Стемфорд бриџ“ се наоѓа во турбулентен период. Сопственикот Роман Абрамович размислува за комплетна продажба, а од друга страна се најавува и заминувањето на менаџерот Маурицио Сари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА