Челси со два автогола сами се победија во дуелот со Брајтон – Тотенхем со пресврт до триумф над Борнмаут (ВИДЕО)

Брајтон му приреди вистински кошмар на Челси во рамки на 14-то коло од англиската Премиер-лига, успевајќи да запише триумф од 4-1.

Челси имаше кошмарно прво полувреме на гостувањето кај Брајтон, бидејќи губеше со 3-0. Прво Леандро Тросард во 5.та минута ја погоди мрежата на гостите за 1-0, а потоа на сцена стапија Рубен Лофтус-Чик и Тревор Чалоба, кои си постигнаа автоголови за убедливи 3-0 на Брајтон.

Во вториот дел мала надеж на Челси му донесе Каи Хаверц во 48. минута. Сепак, до крајот на мечот домаќините умно ја сочуваа предноста, а Крос во последните минути го запечати триумфот за нови три бода.

Борнмаут на домашен терен не успеа да оствари позитивен исход во мечот со Тотенхем, откако „петлите“ направија пресврт и обезбедија победа од 3-2. Домаќините го отворија натпреварот во 22. минута преку Кифер Мур. Истиот играч донесе и второ водство на својот тим, откако успеа да ја затресе мрежата во 49. минута за голема радост на фановите.

Во вториот дел се случи вистински пресврт, а истиот го најави Рајан Сесењон во 57. минута. Откако домаќините се повлекоа во својот шеснаесетник, Бен Дејвис донесе реми во 73. минута. Буквално во последните минути, Бентакур стрелаше за победа на Тотенхем.

 

 

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...