Челси со еден потег ќе ја спаси Барса од финансиски колапс

Барселона се соочува со сериозна финансиска криза, директорот Деко во последното интервју изјави дека новиот тренер ќе мора да се адаптира на новата реалност – дека каталонците веќе нема да бидат во можност да носат скапи засилувања на „Камп Ноу“. Згора на тоа, тој песимистички говореше за иднината на Де Јонг и Араухо како двајца играчи со голема вредност од кои најмалку еден би требало да го напушти клубот во текот на летото.

Токму Де Јонг е играчот кој е многу поблиску до излезната врата, откако поранешниот капитен на Ајакс го загуби статусот на „недопирлив“ во каталонскиот гигант. Холанѓанецот покажа лојалност одбивајќи да си замине кога клубот се обидуваше да го продаде пред две години, но сега и тој не е против идејата за промена на клупските бои во текот на летово.

Целата ситуација будно се следи во Премиер-лигата, Манчестер Јунајтед повторно е заинтересиран за овој фудбалер од кого беше одбиен пред две години, но за лидер во трката важи Челси. Американскиот милијардер Тод Боели не жали пари кога станува збор за нови засилувања на Челси, тој беше неочекувано „мирен“ во текот на јануарскиот преоден рок, но се очекува да тргне во нова трансфер-офанзива летово. Како што информира каталонски „Спорт“, понудата на Челси ќе изнесува 100 милиони евра и ќе биде значително повисока од она што е во можност да го понуди Јунајтед, што го става лондонскиот клуб на лидерската позиција во трката за потпис на Де Јонг.

Така, Барселона со само една продажба би се спасила од финансиски колапс, би се ослободила од еден од најплатените фудбалери и би дошла до сериозен буџет, за пополнување на „минусот“, но и за ангажман на нов фудбалер на позицијата на Де Јонг.

Се вчитува...