Челси се уште не размислува да стави крај на транфер-пазарот, „сините“ и натаму бараат засилувања во одбраната и нападот.
Според англиските медиуми, Томас Тухел дал зелено светло за младиот напаѓач на Евертон, Ентони Гордон, за кој веќе се испратени и 40 милиони фунти. Преговорите ќе продолжат во текот на оваа недела, но се чини дека Гордон наскоро ќе се пресели на „Стемфорд Бриџ“.
Тухел на располагање во нападот моментално го има само Каи Хаверц, кој не е класичен голгетер. Летово клубот го напуштија Тимо Вернер и Ромелу Луаку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

