Челси со најголема финансиска загуба во историјата на англискиот фудбал

Челси во сезоната 2024/25 ја забележал најголемата финансиска загуба пред оданочувањето, според финансиските податоци што денеска ги објави УЕФА.

Во извештајот на европската куќа на фудбалот е наведено дека лондонскиот клуб во сопственост на Тод Боели и „Clearlake Capital“ ja завршил сезоната со минус од огромни 350 милиони фунти (407 милиони евра).

Како што пишува „Дејли Мејл“, ова е апсолутен рекорд за недомаќинско работење во историјата на англискиот фудбал. Во европски рамки, поголем минус е евидентиран само кај Барселона во сезоната 2020/21, што каталонскиот гигант ја заврши со негатива од 555 милиони евра.

„Сините“ од Лондон продолжуваат со трошење на огромни суми на нови фудбалери, за што доказ е неверојатната сума од 1,746 милијарди евра, колку што вреди вкупно тимот на Челси со сите фудбалери кои се под договор со овој клуб.

Се вчитува...