Челси со неверојатен пресврт и два гола во судиското продолжение го победи Кристал Палас (ВИДЕО)

Челси со неверојатен пресврт и два гола во судиското продолжение триумфираше со 1-3 на гостувањето против Кристал Палас во 24. коло од Премиерлигата.

„Сините“ извлекоа победа откако по првото полувреме имаа негатива по водството на домашните од 1-0 со феноменалниот погодок на Колумбиецот Џеферсон Лерма во 30. минута.

Но, во второто полувреме, Чесли дојде до израмнување со голот на Галагер во 47. минута.

Кога се чинеше дека дуелот ќе заврши без победник, најпрво Галагер со својот втор гол во 91. минута донесе 1-2, а Фернандез во 94. минута заокружи за конечни 1-3.

Се вчитува...