Челси официјално го објави потпишувањето на договорот со офанзивниот играч за врска на Брајтон, Факундо Буонаноте. 20-годишниот Аргентинец станува деветтото ново засилување на Лондончани ова лето, откако му се придружи на тимот од Стемфорд Бриџ како позајмен играч до крајот на сезоната.
Во договорот нема опција за негово откупување, но постои важен детаљ дека Челзи ќе има таканаречени права за усогласување на играчот – односно, во случај на идна понуда за него, клубот ќе може да ја даде истата понуда, и да го ангажира.
Ова е најновиот играч на Брајтон што се приклучи на Челзи во последните години, по трансферите на Марк Кукуреља , Мојсес Каиседо и Жоао Педро.
Аргентинецот, кој може да игра и зад напаѓачот и како крилен играч, има 50 настапи за Брајтон откако дојде од Росарио Централ во 2023 година. Минатата сезона ја помина како позајмен играч во Лестер , постигнувајќи шест гола во 35 настапи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

