Управата на Челси даде целосна поддршка за тренерот Грем Потер и покрај слабата форма и лошите резултати, пренесуваат медиумите во Британија.
И покрај тоа што се шпекулираше дека Потер ќе биде сменет после поразот од Саутемптон на домашен терен, сепак, тоа нема да се случи. Лондонскиот тим е во слаба форма, оствари само две победи на последните 14 натпревари и се оддалечи од местата кои носат во Лигата на шампионите, но Потер ја доби поддршката.
Управата на клубот на чело со Тод Бојли наведе дека ангажманот на Потер е дел од долгорочен проект. Сметал дека треба време и шанса екипата да се опорави откако доживеа реконструкција во која се потрошени 583 милиони фунти за нови играчи.
Исто така како вина за лошите резултати се споменуваат и многуте повреди. Најновиот во низата на повредени е Цезар Аспиликуета, а Потер во моментов не може да смета на Стерлинг, Кулибали, Канте, Ковачиќ, Пулишиќ, Фофана, Менди, Закарија и Броја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

