Еден Азар го навлече на себе бесот на управата на Челси одбивајќи ја понудата за продолжување на договорот, под услови кои би претставувале премиерлигашки рекорд. Во ситуација кога Реал Мадрид повторно го „мерка“ Азар, Роман Абрамович сакаше да го „блиндира“ својот најдобар играч нудејќи му зголемување на платата од 50 проценти.
Ова практично би значело дека Азар од 200.000, во иднина би заработувал по 300.000 фунти неделно, со што ќе беше најплатен фудбалер во Премиер-лигата. Понуда што навидум изгледа невозможно да се одбие – само што ете се случи Азар да му каже НЕ на рускиот милијардер.
Таткото на самиот фудбалер пред неколку дена изјави дека Азар го одбил новиот договор за да остави простор за евентуален трансфер во Реал Мадрид на крајот од сезонава. Тој не ја крие желбата за преселба на „Сантијаго Бернабеу“, исто како што и Зинедин Зидан не крие дека би сакал да го доведе во својот тим. Шпанските медиуми најавуваат летна кралска офанзива по белгискиот репрезентативец, па интересно ќе биде да се види дали Абрамович ќе успее да одолее.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА