Челси со понуда за Интер – 40 милиони и размена – Мората за Икарди

Челси сака во своите редови да го донесе аргенинскиот напаѓач, Мауро Икарди. Според италијанските медиуми лондонскиот тим веќе испратил примамлива понуда до Интер. Челси за Икарди нуди 40 милиони евра и плус го испраќа Алваро Мората во Милано.

Од Интер засега нема одговор за понудата, но се огласи сопругата на аргентинскиот фудбалер, Ванда Нара, која објави дека нејзиниот сопруг останува во Интер.

Икарди во изминатава сезона постигна 29 гола и го предводеше Интер до Лигата на шампионите. Но, сепак, извонредната сезона не му помогна да влезе во составот на репрезентацијата на Аргентина за претстојното СП во Русија.

Се вчитува...