Челси со пресврт во финишот до тешка победа над Лутон (ВИДЕО)

Фудбалерите на Челси се пласираа во четвртфиналето од ФА купот, откако вечерва потешко од очекуваното успеаја да слават на гостувањето кај Лутон со 2-3. Домаќините дојдоа до водство уште во 2. минута од дуелот со голот на Бурк.

На 1-1 израмни Саул Нигуез во 27. минута, а до крајот на првиот дел кога Корник во 40. минута донесе ново водство на домаќините од 2-1. Лутон успеа да го задржи водството се до 68. минута кога гостите израмнија преку Тимо Вернер во 68. минута, додека конечните 2-3 ги постави Ромелу Лукаку во 78. минута.

 

 

 

 

Се вчитува...