Англискиот премиерлигаш Челси пријави загуба од 262,4 милиони фунти за сезоната 2024/25, што е најголемата загуба во една година во историјата на англискиот фудбал.
Најголемата загуба во една сезона од 194,9 милиони фунти ја имаше Манчестер Сити во 2010/11 година.
На „сините“ од „Стемфорд бриџ“ не им помогна ниту зголемувањето на приходите на 490,9 милиони фунти благодарение на освојувањето на Конференциската лига и Светското клупско првенство како и освојувањето на четвртото место во англиското првенство.
„Оперативните трошоци се зголемија првенствено поради враќањето на настапите во Лигата на шампионите, што значително ги зголеми трошоците на деновите на натпреварите“, објавија од Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

