Челси со „седмица“ до следна рунда во ФА Купот

Фудбалерите на Челси со убедливи 7-0 го совладаа тимот на Порт Вејл, и се пласираа во полуфиналето на ФА Купот.

Уште по првиот дел „сините“ имаа предност од 3-0, и максимално ја оправдаа фаворитската улога.

Хато, Педро и автогол на Лоренс-Габриел за одлична предност од првиот дел. Во второто полувреме Адарибојо, Андреј Сантос, Естевао и Гарначо од пенал ги поставија конечните 7-0.

Се вчитува...