И покрај тоа што на првиот меч загуби со 1-0 од Мидлсбро, Челси без никакви проблеми успеа да ја анулира предноста и да му нанесе катастрофа на противникот со 6-1, и да се пласира во финалето во Карабао Купот, или познат како Лига Куп на Англија.
Челси го реши победникот уште по првиот дел после кој водеше со 4-0. Предноста беше анулирана после само 15. минути кога Хоусон си постигна автогол. Во 29. минута на 2-0 зголеми Фернандез, потоа на 3-0 Дисаси. Пред крајот на полувремето Палмер донесе 4-0 за „сините“.
Во вториот дел Палмер донесе и предност од 5-0, а шестиот гол беше дело на Мадуеке во 81. минута. Роџерс само успеа да намали на 6-1.
Челси во финалето ќе игра со подобриот од пресметката Ливерпул – Фулам. По првиот меч одигран на Енфилд, Ливерпул има предност од 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА