Челси му даде ултиматум на Диего Коста доколку сака да се реализира неговиот трансфер во Атлетико Мадрид. Раководството на „сините“ очекува од Коста да се однесува професионално и да го почитува договорот, но пред сеќ, од него бараат да се врати на тренинг, со цел да биде достапен за тимот. Коста ќе мора да ги исполни барањата од клубот, со цел да го напушти Лондон и повторно да зачекори на фудбалските терени.
Англискиот шампион го казни репрезентативецот на Шпанија со одземање на две неделни плати во вредност од 300.000 фунти, поради непочитување на претсезонските задачи. Коста требаше да се појави во тренинг центарот на Челси на 17. јули, каде ќе требаше да тренира сам во исчекување на трансфер во Атлетико, но тој моментално претстојува во родното место во Бразил.
Бразилецот со шпански пасош е подготвен да чека дури до јануари за да заигра за Атлетико, бидејќи „јорганџиите“ се соочуваат со трансфер ембарго. Челси за својот 28-годишен напаѓач бара 50 милиони фунти, првичната понуда на клубот од Шпанија која наводно изнесувала 26 милиони фунти, била одбиена без размислување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА