Челси спасот на сезоната го гледа во Евертон

Големиот број на повреди и позитивни случаи на коронавирус го оддалечија Челси од трката за шампионската титула во Англија со десет бода заостанување од првопласираниот Манчестер Сити, но „сините“ веќе во јануари ќе се обидат да ја вратат „долгата клупа“ и конкурентноста со аквизиција на нови играчи.

Еден од оние кои се најде на списокот на желби на Томас Тухел е фудбалерот на Евертон, Лукас Дињ кој треба да биде замена за повредениот Бен Чилвел. Левата бековска позиција е проблем за лондонскиот состав кој мора да се потпре кон Маркос Алонсо кој е далеку од ефикасен во одбраната, а во Французинот се гледа како идеално решение.

Дваесетиосум годишникот е пред заминување од „тофиси“ во потрага по конкурентен клуб кој ќе се бори за титули, а на неговото место Евртон веќе го ангажира младиот Украинец Витали Миколенко.

Се вчитува...