Челси станува смешка од клуб: Нагелсман сам се повлече, не сака да работи за Тод Боели

Катастрофалното водење на Челси од новата управа е повеќе од очигледно, откако лондонскиот гигант и покрај инвестицијата од над 600 милиони евра во нови фудбалери ги бележи најслабите резултати во последните децении. Американецот Тод Боели на потешкиот начин дознава дека водење на премиерлигашки клуб не е играчка, а првиот човек на „сините“ денеска доби нова шлаканица, откако Јулијан Нагелсман самиот реши да се повлече од трката за нов менаџер на Челси.

Екс-тренерот на Баерн Минхен беше главна желба на Боели уште од моментот на отказ на Потер, а Лампард беше ангажиран како привремено решение само затоа што Нагелсман побарал ако треба да дојде на „Стемфорд бриџ“, тоа да се случи летово, а не среде сезона. Во меѓувреме имало неколку разговори меѓу перспективниот тренер и американскиот милијардер, детали за она што се случувало не се познати, но денеска беше обелоденето дека Нагелсман самиот се повлекол од трката и повеќе воопшто не е заинтересиран за функцијата на шеф на струката на „Стемфорд бриџ“.

Потрагата по тренер продолжува, ниту Луис Енрике повеќе не е така загреан како што тоа беше случај пред еден месец, па во моментов главен фаворит за нов тренер на Челси е Маурицио Покетино.

Што се однесува до Нагелсман, овој стратег сега е најблиску до преселба на кормилото на Тотенхем, клуб кој исто како и Челси бара менаџер за наредната антпреварувачка сезона.

Се вчитува...