Челси стави крај на серијата на натпревари без триумф, славеше над Вулверхемптон

Челси стави крај на серијата од пет натпревари без триумф во Премиерлигата со победа од 3-1 над Вулверхептон во последниот натпревар од 22. коло.

„Сините“ први поведоа преку Адарабиојо во 24. минута од средбата, но на полувремето двата тима заминуаа со изеднчен резултат од 1-1 по голот на Доерти во петтата минута од судиското продолжение.

Во 60. минута Кукуреља го врати Челси во предност, а во 66. минута Мадуеке ја потврди победата и конечните 3-1.

Овој триумф го врати Челси на четвртата позиција на табелата со 40 освоени бодови, два повеќе од Манчестер Сити и Њукасл. Вулверхемптон пак останува при зоната за опстанок со само 16 освоени бодови.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...