Михајло Мудрик, Беноа Бадијашил и Карни Чуквуемека, е триото кое пристигна во Челси во сезоната 22/23 за 126 милиони евра. Сега крилниот играч, стоперот и фудбалерот од средниот ред би можеле да го напуштат клубот.
Аргентинскиот Ел Графико ја носи веста дека Челси е многу заинтересиран да го доведе Лаутаро Мартинез, напаѓачот на Интер и аргентинската репрезентација. Бидејќи Челси има вишок играчи поради масовното трошење во последните неколку преодни рокови, идејата од Лондон е да го доведе Мартинез без да го плати класичното обештетување за него.
Целта им е на Интер да му ја даде наведената тројка, додека италијанскиот гигант во спротивна насока го испраќа Мартинез. Вакви случаи се гледаат многу ретко, на врвното ниво на фудбалот ваков случај не се ни памети, но останува да се види каков одговор ќе има од Италија.
Мартинез е капитен на Интер, и тешко дека Инзаги ќе се одлучи да го пушти, особено не за Мудрик кому му се заканува суспензија поради користење на допинг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

