Челси тргнува по потписот на Дембеле

Челси во следниот период ќе се обиде да стигне до засилување во нападот, а изборот на Грем Потер е Дембеле, пренесуваат англиските медиуми. Французинот беше желба на англискиот тим и во минатото, но се одлучи да го продолжи договорот со Барселона.

За каталонскиот тим оваа сезона настапи на 20 натпревари, а забележа пет гола и седум асистенции, притоа има и добар настап на Светското првенство во Катар каде два пати аситираше до соиграчите па младиот англиски стратег на него гледа како некој кој ќе донесе потребна свежина.

Договорот на Дембеле со Барселона е до 2024 година, но има откупна клаузула од 50 милиони евра која „сините“ од Лондон планираат да ја активираат со цел да се избегнат преговори со каталонскиот тим.

Се вчитува...