Челси го комплетираше трансферот на Бадијашил од Монако, но приоритет на „сините“ до крајот на овој преоден рок ќе биде да се доведе нов голгетер што би ја засилил конкуренцијата во навалната линија.
Веќе е договорен летниот мегатрансфер на Кристоф Нкунку од Лајпциг, поради што лондонскиот клуб сега ќе се обиде да дојде до нешто поевтина варијанта во јануари, а во центарот на вниманието се наоѓа Маркос Турам. Францускиот репрезентативец го носи дресот на Борусија Менхенгладбах и моментно е втор стрелец во Бундес-лигата (токму зад Нкунку), а за Челси е особено интересен бидејќи е достапен за ниска отштета поради договорот што му истекува за шест месеци.
Турам би можел да биде доведен за околу 15 милиони фунти, сума што Челси без проблем ќе си ја дозволи за да ја зголеми конкуренцијата во нападот, по променливата форма на Обамејанг и најновата повреда на Рахим Стерлинг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

