Челси тргнува во Набил Фекир

Францускиот репрезентативец Набил Фекир можеби сепак ќе биде дел од Премиер – лигата во новата сезона. Тој долг период преговараше со европскиот вицепрвак Ливерпул, но не дојде до договор, а сега би можел да го засили Челси. Новиот менаџер Маурицио Сари посакува уште еден квалитетен офанзивец во својот тим, посебно што не знае до последен момент што ќе се случи и со Еден Азар.

Челси е подготвен да плати 50 милиони евра за ангажман на Фекир, но Лион и претходно бараше најмалку 60 милиони евра во преговорите со Ливерпул. Премиерлигашите први ќе влезат во цајтнот во овој летен преоден рок, па јасно е дека Челси и нема многу време за размислување. Трансферниот прозорец во Англија се затвора в четврток.

Самиот Фекир вчера почна со тренинзи со Лион, истакна дека не би му пречело да остане во клубот, но и потенцираше дека во светот на фудбалот се може да се смени за помалку од еден ден.

Се вчитува...