Челси тргнува во офанзива по ѕвездата на Милан

Челси не успеа да ја добие битката со Барселона за услугите на Рафиња па погледите ги насочи кон Рафаел Леао. Португалецот од редовите на Милан инспирираше со своите настапи во шампионската сезона на „росонерите“, а на „Стемфорд Бриџ“ на него се гледа како долгорочна аквизиција.

Дваесетитригодишникот претходната сезона запиша 11 погодици во Серија А, а притоа асистираше и осум пати до соиграчите, но по импресивен е податокот дека со 98 дриблинзи ја предводи листата на најуспешни „дриблери“ во италијанското првенство.

Леао во Лондон е споредуван со Еден Азар кој врвот на својата кариера го достигна токму носејќи го дресот на „сините“, но за неговите услиги Челси ќе мора да го „одврзе ќесето“.

Трансфермаркт го проценува напаѓачот на 70 милиони евра, но Милан го смета за „недопирлив“ па најверојатно новиот газда на Челси ќе мора да ја активира откупната клаузула од 150 милиони евра или пак да каклулира со воведување на Хаким Зијеш во преговорите доколку сака да го доведе во своите редови.

Се вчитува...