Челси троши пари како никој: Доаѓа млад стопер за 60 милиони евра

Челси планира одново да биде активен на трансфер пазарот, а споменатото име кое се поврзува со овој клуб, не им се допаѓа на навивачите на екипата. Станува збор за млад стопер од Франција, за кого тимот од Лондон може да потроши дури 60 милиони евра.

Според информациите од Франција, „сините“ направија сериозен птег околу ангажманот на Жереми Жаке, млад стопер на Рен. Премиерлигашот го сака стоперот веднаш, односно уште во јануари.

Францускиот репрезентативец се смета за еден од најталентираните дефанзивци на својата генерација. Рен го гледа како важен дел од тимот, и нема така лесно да се откаже. Неговиот договор е до 2029 година, но Челси е подготвен да ја плати бараната сума и да го доведе во своите редови.

Се вчитува...