Челси веќе кон полуфинале во КЛ по убедливата победа над Легија во Варшава (ВИДЕО)

Челси е веќе кон полуфиналето во Конференциската лига на УЕФА откако во првиот четвртфинален натпревар убедливо славеше на гостувањето против Легија Варшава со 0-3.

Тимот од „Стемфорд бриџ“ беше максимално доминантен иако отпорот на домашните го скрши со три гола во второто полувреме.

Најпрво Тајрик Џорџ во 49. минута донесе 0-1, а потоа следеа два гола на Мадуеке во 57. и во 74. минута.

Се очекува, по овој резултат, реваншот во Лондон да биде само формалност за „сините“.

Се вчитува...