Челси во него гледа иднина: Албанскиот репрезентативец пред камбек на „Стемфорд Бриџ“

Армандо Броја од следната сезона се очекува да се врати во редовите на Челси каде во албанскиот репрезентативец се гледа како еден од клучните играчи во иднина, пренесуваат англиските медиуми.

Броја кој е роден во Англија, но од 2019 година настапува за Албанија е дел од Челси уште од 2009 година. По поминувањето на младинските категории доби и шанса во првиот тим на натпреварот против Евертон од Премиерлигата, но со 18 години замина на позајмици во Витезе, односно Саутемптон.

За „светците“ оваа сезона настапи на вкупно 19 натпревари на кои седум пати ја затресе мрежата од кои пет во Премиерлигата, а два во ФА Купот.

Потврда за камбекот во Челси даде и тренерот на Саутемптон, Ралф Хазенхитл кој вели дека сака да го задржи играчот, но тоа ќе биде тешко.

„Сакаме да го продолжиме престојот на Армандо тука, а сака и тој. Тој сака да биде со нас и тоа се чувствува на секој тренинг и секој натпревар, но Челси во него гледа иднина и ќе биде тешко. Тој е дел од долгите планови на клубот“, вели германскиот стратег.

Се вчитува...