Франк Лампард се соочува со сериозни проблеми околу креацијата на составот за вечерашната пресметка против Баерн во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Челси нема да настапи во најсилниот состав поради неиграњето на клучниот фудбалер во својот тим, одличниот фудбалер од средниот ред Н’Голо Канте. Нема да биде во комбинација и крилниот офанзивец Кристијан Пулишиќ поради повреда.
Вечерва нема да игра ниту Калум Хадсон-Одои кој во минатото долго време се поврзуваше со трансфер токму во Баерн Минхен. Тој е блиску до враќање на терените, но се уште не е доволно подготвен.
„Пулишиќ не игра, Хадсон – Одои не игра, Канте не игра… Ќе биде тешко“ – истакна Лампард на вчерашната прес-конференција пред мечот, дополнувајќи дека Педро и Робен-Лофтус Чик се во конкуренција за настап.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

