Челси во продолженијата го „скрши“ Врексам во ФА Купот

Членот на Чемпионшип тимот на Врексам, пропушти можност за сензација во ФА Купот, откако „падна“ во продолженијата и загуби од Челси со 2-4. Во регуаларниот беше 2-2.

Смит донесе предност за Врексам, а автоголот на Оконкво донесе израмнување. Дојл во 78. минута донмесе предност за нисколигашот, која ја анулираше Ачеампонг во 82. минута.

Челси во меѓувреме остана со играч повеќе, откако Добсон доби црвен картон. Тоа го искористи Челси, кој со головите на Гарначо и на Жоао Педро во продолженијата, дојдоа до триумф.

Се вчитува...