Новиот шампион на Англија, Челси, во победнички стил ја прослави круната на „Стемфорд бриџ“, совладувајќи го Ватфорд со 4-3. Момците на Антонио Конте имаа водство од 3-1, потоа Ватфорд се врати и израмни на 3-3, но Цеск Фабрегас постигна победнички гол за „сините“ во 88.минута од дуелот.
Капитенот Џон Тери го постигна првиот гол за Челси на натпреварот, а тоа беше 1.000-ти гол на тимот, откако Роман Абрамович е газда. Капуе израмни само две минути подоцна, но Аспиликуета повторно го донесе Челси во водство во 36.минута.
На стартот на вториот дел, Мичи Батшуаи зголеми на 3-1, и се чинеше дека победникот е одлучен. Но, Ватфорд не се предаваше така лесно и со головите на Јанмат и на Окака израмни на 3-3.
Сепак, Конте сакаше триумф, ги внесе во игра Фабрегас и Педро, и тоа донесе и победнички погодок. Вилијан асистираше, а Цеск Фабрегас постигна гол за 29. триумф оваа сезона за лондонскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА