Екипата на Челси во моментов е фаворит за потпис на еден од најбараните дефанзивци Дин Хујсен, пишуваат медиумите во Англија и во Шпанија.
Лондонските „сини“ се подготвени да ја платат откупната клаузула на Брентфорд, која изнесува 50 милиони фунти. Челси има план да го добие фудбалерот пред Светското клупско првенство, и со него да го брка трофејот.
Мареска е во потрага по нов централен дефанзивец, и неговата намера е Хујсен да игра заедно со Весли Фофана. Шпанецот има одлична сезона во Бормут, и го привлече вниманието кон себе со интерес на Ливерпул, Њукасл, Арсенал и Тотенхем, а исто така за него има интерес и од Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА