Челси враќа уште еден напаѓач од позајмица

Повредата на Лијам Делап го активираше алармот во Челси кој е свесен дека шансите да стигне до квалитетна замена во последните часови од летниот преоден рок е минимална па се осврна кон своите опции.

Трансферот на Џексон во Баерн Минхен беше влокиран и Сенегалецот се враќа на „Стемфорд Бриџ“, а шанса ќе добие и Марк Гуи кој пред неполн месец се пресели во редовите на Сандерленд.

Младиот Шпанец минатата сезона добиваше шанса во Конференциската лига, но јасно е дека не е подготвен да го носи тимот во Премиерлигата и Лигата на Шампионите па беше испратен на „обука“ во новиот член на елитата на англискиот фудбал.

Според англиските медиуми веќе е постигнат договор за камбек на 19-годишникот кој ќе му се стави на раполагање на тренерот Енцо Мареска веќе оваа седмица.

Се вчитува...