Челси за едно полувреме го реши Честерфилд (ВИДЕО)

Челси стигна до убедлив триумф од 5-0 над Честерфилд во првиот натпревар сезонава во најстарото фудбалско натпреварување ФА купот. Сините од Лондон уште во шестата минута со голот на Тимо Вернер стигнаа до водство од 1-0, а до 20. веќе беше 3-0 откако прецизно стрелаа Калум Хадсон Одои и Ромелу Лукаку.

До крајот на првото полувреме Кристенсен во 39. минута зголеми на 4-0. Во вториот дел во 55. минута Зијеш од пенал зголеми на 5-0, додека конечните 5-1 ги постави Асанте во 80. минута.

 

Се вчитува...