Напаѓачот на Милан Рафаел Леао е се поблиску до заминувње од „Сан Сиро“ и преселба во Премиер-лигата. Португалецот надовно барал многу пари за нов договор со „росонерите“, па сосема е извесно да го напушти тимот.
Според информациите од Англија, Челси е блиску до неговите услуги. Лондонските „сини“ се подготвени да вклучат и неколку играчи, и да иг испратат на „Сан Сиро“, само да дојдат до услугите на крилниот напаѓач на Милан, кој беше еден од заслужните за титулата во Серија „А“, постигнувајќи 11 голови на 34 натпревари.
Од фудбалерите кои се „вишок“ во Челси, се вбројуваат Кристијан Пулишиќ, Калум Ходсон-Одои и Хаким Зијеш. Токму Зијеш и Пулишиќ се споменуваат како дел од овој трансфер.
Откупуната клаузула за Леао во Милан изнесува 150 милиони, а неговиот договор е до 2024 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА