Челси ’загриза’ за Леон Бејли

Англискиот премиерлигаш Челси е подготвен комплетно да го реновира својот тим под раководство на Маурицио Сари и е во потрага по млади и квалитетни фудбалери, кои ќе останат на „Стемфорд бриџ“ неколку сезони. Италијанскиот стратег го ’пикираше’ Леон Бејли, брзоногиот крилен играч на Баер Леверкузен, кој би можел веќе ова лето да пристигне на „Стемфорд бриџ“.

Сари форсира формација 4-3-3, а Бејли одлично би се вклопил во неговите замисли. Сепак, се зависи од тоа дали Еден Азар ќе го напушти клубот и ќе се пресели во Реал Мадрид. Доколку Челси за него добие околу 150 милиони евра, тогаш две третини ќе може да одвои за ангажман на Леон Бејли, кој е една од новите ѕвезди во Бундес-лигата. Баер Леверкузен веќе го има проценето на околу 100 милиони евра својот напаѓач.

За 20-годишниот фудбалер од Јамајка интерес појавува и италијанскиот калчолигаш Рома, откако ја загуби битката со Барселона за ангажман на Бразилецот Малком.

Се вчитува...