Челси се уште чека на првото засилување во летниот трансфер рок, а по заминувањето на Оливие Жиру јасно е дека „сините“ ќе мораат да доведат нов напаѓач во своите редови. Прва опција за Тухел е Ерлинг Халанд, но мали се шансите за Норвежанецот да се најде на „Стемфорд Бриџ“ следната сезона, па лондонскиот тим ќе тргне во поход кон Саша Калајџиќ.
Австриецот кој настапува во германското првенство во дресот на Штутгарт беше еден од најважните играчи на овој тим претходната сезона, а неговиот придонес во вториот дел од сезоната беше клучен за овој клуб да се избори за деветтото место на сезоната.
Калајџиќ претходната сезона ја заврши со 16 голови и 6 асистенции на 33 натпревари во Бундеслигата, а притоа беше стрелец за Австрија и на Европското првенство. Овој трансфер се проценува на околку 25 милиони евра со што 24-годишникот би бил далеку поевтина опција од прескапиот Халанд.
Доколку „сините“ не успеат да го договорат овој трансфер на листата на желби се наоѓа и поранешниот фудбалер на Ливерпул, Дени Ингс, кој одбива да потпише нов договор со Саутемптон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА