Раководството на Челси го продолжува бизнисот кога е во прашање продажбата на фудбалери ова лето. Уште еден фудбалер ќе го напушти овој клуб.
Откако Тод Боли стана прв човек на Челси во 2022 година, овој клуб е убедливо најактивен во Премиер лигата кога станува збор за продажба и доведување фудбалери. Во текот на летото, лондонскиот клуб потпиша со единаесет нови фудбалери, некои од нив се Жоао Феликс, Џејдон Санчо, Педро Нето, Марк Гуиу и Кирнан Девсбери-Хол.
И покрај бројните пристигнувања во клубот, овој Челси нема идеален старт на новата сезона, бидејќи освои само четири од можни девет бода. Освен тоа, работите на теренот не изгледаат добро, но и работите надвор од теренот не се совршени. Еден од фудбалерите очигледно ќе го напушти клубот.
Како што пренесуваат англиските медиуми, Ал-Наср го договорил доаѓањето на фудбалерот на Челси, Анџело Габриел, кој ќе плати дури 19,3 милиони фунти. Интересно е што овој деветнаесетгодишен фудбалер се уште нема одиграно ниту еден натпревар за првиот тим на „сините“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА