Челси „загриза“ за Халанд – го нуди и Тами Абрахам

Европскиот шампион Челси ќе гради мега-тим за следната сезона, а една од најголемите желби на „сините“ е Ерлинг Халанд. Норвежанецот имаше фантастична сезона во дресот на Борусија, германскиот клуб најавува дека нема шанса да го продаде Халанд, но во Челси се убедени дека со „понуда што не се одбива“ ќе ги премислат „милионерите“ од Дортмунд. Според британските медиуми, лондонскиот клуб е подготвен да плати 170 милиони евра, плус напаѓачот Тами Абрахам, понуда што официјално ќе биде испратена во следните денови.

Челси во текот на целата сезона креираше голем број на шанси, но недостасуваше реализацијата. Тимо Вернер не беше на врвот на својата задача, па сега погледите на Роман Абрамович се насочени кон еден од најталентираните играчи на денешницата.

„Сините“ веќе започнаа со состаувањето на тимот за следната сезона. Прв продолжување на договорот доби тренерот Томас Тухел, по него и ветераните Оливие Жиру и Тијаго Силва, а на „Стемфорд Бриџ“ покрај напаѓач се очекуваат и засилувања на средниот ред и одбраната.

Се вчитува...