Челси зимава ќе продаде најмалку двајца играчи. Станува збор за Аксел Дисаси и Кирнан Девсбери-Хол, кому им било дозволено во јануари да си бараат нова средина.
Дисаси кој игра на позицијата стопер, од Монако во 2023 година се пресели во Челси за 45 милиони евра, а сега „сините“ ќе го продадат за 15-20 милиони помалку. За него наводно има интерес од Борусија Дортмунд.
Девсбери-Хол беше играч на Лестер, а минатата година се пресели во Лондон, меѓутоа без значајна минутажа. Затоа сега Енцо Мареска сака да го продаде играчот од средниот ред, за кого има интерес од неколку премиерлигашки клубови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА