„Челси, Ливерпул, Сити играат како тим, Јунајтед не“

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед мора да научат да играат како тим, доколку сакаат да постигнат добри резултати во континуитет, смета легендарниот Гери Невил. „Црвените ѓаволи“ претрпеа два последователни порази, во последното коло од Премиер лигата загубија од Астон Вила, додека Вест Хем беше подобар во Лига купот.

Невил потенцираше дека тренерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер треба да поработи со своите фудбалери, па конечно да нарпават формација и тактика со цел да заиграт како тим.

„Реков дека дури и кога победија, дури и кога Роналдо постигна гол … Јунајтед не игра доволно добро како тим. Шаблоните за игри мора да постојат, потребен е план. Во овој момент, гледам група поединци, кои повремено се комбинираат. Има многу нови играчи – Роналдо, Варан, Санчо, но тие мора да играат како тим, да дефинираат одреден стил. Ако тоа не е случај, тие ќе бидат во ситуација да постигнат само две победи на четири или пет натпревари. И тогаш тие ќе бидат непобедливи некое време. Ги нареков чуден тим. Ги гледам Челси, Ливерпул, Сити, тие се тимови. Играат како тим. Ова не значи дека Јунајтед никогаш не го прави тоа, но Оле мора да ја претвори оваа група во тимска“, заклучи Гери.

Се вчитува...