Џошуа Чептегеи е херојот на првата олимписка вечер во атлетика откако асот од Уганда успеа да се закити со златен медал на трката на 10 километри на стадионот во Париз.
Чептегеи е трикратен светски првак, воедно и светски рекордер во оваа дисциплина, но големиот ас досега немаше успех кога станува збор за Олимписките Игри. Тоа се промени вечерва, откако асот од Уганда истрча извонредна трка, на околу 500 метри пред целта успеа да се одлепи пред колоната и да ја задржи предноста до самиот крај.
Тој ја мина делницата за 26:43.14, што претставува и нов олимписки рекорд на 10.000 метри. Второто место му припадна на Арегави од Етиопија, а третото изненадувачки на Американецот Грент Фишер, кој ги истрча фанастично последните 200 метри и од позадина мина неколку ривали на патот до бронзата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА