Селекторот на Казахстан, Станислав Черчесов ја коментираше ждрепката за квалификациите за СП 2026, во која неговата селекција се најде заедно со Македонија, и со Белгија, Велс и Лихтенштајн на патот кон Мундијалот.
Казахстан имаше неуспех во Лигата на Нации, бележејќи само едно реми и дури пет порази, со што испаднаа од Б сегментот.
„Се сретнавме со Белгија во минатите квалификации, но сега имаат смена на генерации. Одамна ги немам гледано селекциите на Велс и на Македонија. Не знаеме многу за нив. Екипата на Лихтенштајн е од петтиот шешир, но секоја репрезентација треба да се почитуваме. Мораме добро да ја проучиме секоја репрезентација“, изјави Черчесов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

