Черишев ослободен од обвиненијата за допинг

Рускиот репрезентативец Дмитриј Черишев може да здивне откако беше обелоденето дека истрагата против него за наводно користење на допинг е завршена, по што шпанската антидопинг агенција утврдила дека не станува збор за никакво прекршување на строгите правила.

За потсетување, таткото на Черишев даде изјава дека неговиот син користел третман со хормон за раст, што само по себе е сериозен прекршок, па експресно беше покрената истрага во Шпанија, каде рускиот ас го носи дресот на Валенсија.

Таткото на фудбалерот подоцна истакна дека новинарите погрешно ја цитирале таа негова изјава, истрагата сепак продолжи, за на крајот да бидe oобелоденето дека не постојат докази за допинг.

Се вчитува...