Хрватска вечерва го игра својот натпревар од третото коло во групата А против Шведска, а Лино Червар повлече неочекуван потег, повлекувајќи го од својот список првиот голман Мирко Алиловиќ, на чие место во тимот е вклучен Иван Пешиќ.
Алиловиќ беше избран за најдобар играч на првиот натпревар со Србија, потоа имаше слаб настап против Исланд, но сепак потегот на Червар е примен со огромно изненадување во хрватската ракометна јавност.
„Мирко не е повреден, не бараше замена, тоа е тактичка одлука на Лино. Имаме „широчина“ во тимот, го знаете Лино, тој секогаш спрема нешто“ – изјави Владо Шола, тренер на голманите во хрватскиот национален тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА