Червар: Хрватска доживеа неуспех на ЕП, ни треба покреативен селектор

Најтрофејниот хрватски ракометен стратег и поранешен селектор на Македонија, Лино Червар го оцени како тотален неуспех настапот на Хрватска на Европското првенство 2024.

Хрватите и покрај одличниот старт и победата над Шпанија, потоа играа лошо на шампионатот, завршувајќи го на 11. место со победа без резултатско значење над домаќинот Германија.

Червар вели дека ваква Хрватска нема да стигне никогаш повеќе до олимписко финале, како во неговото време.

„Би лажел ако би кажал дека ова не е неуспех. Неуспех е, но не сакам да навлегувам во подлабоки анализи за да не им го правам на другите тоа што ми го правеа мене“ – вели Червар за „24 часа“ и дополнува дека на Хрватска и треба покреативен селектор на местото на Горан Перковац.

„Мене ме сменија затоа што не дозволив играчите да бидат над тренерот. Знаете што е разликата меѓу фудбалот и ракометот. Во фудбалот анализите ги прават тренерите, а во ракометот – играчите, што е апсурд. Како и да е, ваква Хрватска каква што видовме на ЕП нема да ја гледаме во иднина до олимписко финале. Ни треба покреативен селектор“.

Се вчитува...